четврток, мај 9, 2024
spot_img
Повеќе

    Потрошувачи се жалеле на високи сметки за струја, РКЕ советува да поднесат приговори

     

    Регулаторите потсетуваат и дека универзалниот снабдувач со електрична енергија од декември до март не смее да ги исклучува од системот ранливите категории потрошували, поради неплатени сметки

     

    Приговори да поднесат потрошувачите на електрична енергија кои добиле нереални  сметки за струја во последниот период, препорачува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), откако, како што велат оттаму, поголем број потрошувачи се пожалиле на високи сметки, кои отстапуваат од реалната потрошувачка.

    Овие приговори, како што велат од РКЕ, ќе бидат приоритетни за решавање.

    „Доколку потрошувачите добијат сметки во кои е фактурирана нереална потрошувачка на електрична енергија, може да поднесат претставка до РКЕ. Комисијата за жалби ќе им даде приоритет на решавање. Во изминатиов период имаме укажување од потрошувачи дека добиваат високи сметки за електрична енергија за еден месец, а следниот месец добиваат само за улично осветлување. Ние по овие претставки постапуваме веднаш“, вели Марко Бислимовски.

    Дополнително, сакам да потсетам дека потрошувачите имаат можност за контрола на начин што самостојно ќе ги отчитаат броилата по што можат онлајн да ја пријавуваат состојба на броило во ЕВН, со што врз основа на овие податоци за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа ќе добијат реална фактура за потрошената електрична енергија“, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

    Тој потсетува дека потрошувачите имаат можност за контрола, така што самостојно ќе ги отчитаат броилата, по што можат онлајн да ја пријавуваат состојба на броило во ЕВН. Врз основа на овие податоци за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа ќе добијат реална фактура за потрошената струја.

    Од РКЕ ги потсетуваат домаќинствата дека универзалниот снабдувач, односно ЕВН Хоме, не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари, поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија.

    „Ранливиот потрошувач има можност за одложено плаќање или плаќање на минимум шест еднакви рати доколку има доспеан долг. Исто така, ранливиот потрошувач кој е заведен во евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика има право од ЕВН Хоме да бара да биде ослободен од обврска за плаќање на надоместок за повторно приклучување, како и бесплатно да му се направи вонредна верификација на мерната опрема. Согласно законите, сите потрошувачи имаат право на надоместок на штета поради намалена испорака – испорака на електрична енергија со послаб квалитет од пропишаниот или прекини во испораката на енергија под услови и начин утврдени во Правилата донесени од РКЕ“, се вели во соопштениеот од Регулаторна.

    Исто така, додаваат оттаму, согласно со Законот за енергетика, сите потрошувачи имаат право на надоместок на штета поради намалена испорака, односно испорака на електрична енергија со послаб квалитет од пропишаниотили прекини во испораката на енергија под услови и начин утврдени во правилата донесени од РКЕ. 

    НАЈНОВИ ВЕСТИ