петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши: Рестрикции нема, кризна состојба од вторник

    Министерот за економија Крешник Бектеши утре попладне до Владата ќе достави барање за прогласување на енергетска кризна состојба. Во емисијата Економски Магазин на Алсат која ќе се емитува вечерва во 22 часот министерот уверува и дека рестрикции со струја нема да има. Бектеши вели дека Владата ја следела состојбата и засега кризата е под контрола.

    „Секој член на владата имал информации, имаме постојано средби со сите раководители на енергетските компании во Северна Македонија, но важно е да се истакне фактот и на граѓаните да им биде јасно дека рестриктивни мерки во однос на снабдување со електрична енергија моментално не се предвидуваат иако што сме направиле измена во уредбата која предвидува прогласување на кризна состојба“, рече Крешник Бектеши министер за економија.

    Бектеши вели дека минимално ќе се зголеми цената на електричната енергија, но претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски смета дека постои простор на компаниите од енергетскиот сектор да им бидат ограничени профитот и маржата, ставка од која најмногу зависи висината на сметките за струја на граѓаните.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ