петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Првиот човек на регулаторна нападнат поради постапка за одземање лиценца

    Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски синоќа бил физички нападнат на тераса од угостителски објект во скопско Дебар Маало од Аријанит Џафери (28) од Скопје, инаку син на поранешниот висок функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, против која РКЕ покрена постапка за одземање на лиценцата за работа.

    Очевидци на настанот велат дека Џафери седнал на масата на која се наоѓал Бислимоски во еден скопски ресторан и по неколку минутен разговор физички се пресметал со него. Аријанит Џафери најпрво барал објаснување од Бислимоски зошто РКE започнала постапка за одземање на лиценцата на неговата фирма, а потоа и физички го нападнал. Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица од придружбата на Џафери успеале да го отргнат и сите заедно избегале во непознат правец, објавува Дојче веле

    Во разговор за Телма портпаролката на РКЕ го потврди инциденот и информираше дека претседателот се чуствува добро .

    “РКЕ е работи согласно законот и единствно по што се водиме и ќе продолжиме да ги водиме постпките е врз основа на сила на аргументите, а не на физичка сила. Претседателот Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции. РКЕ како и до сега ќе продолжи да се води од постулатот на заштитата на потрошувачот и сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем” рече Марина Узунов, портпарол на РКЕ.

    МВР: Кривична пријава за насилство против Џафери

    Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека случајот со нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски е целосно расчистен и дека против Аријанит Џафери ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело „насилство“.

    – Во врска со случајот кој синоќа, околу полноќ, во СВР Скопје го пријави М.Б.(45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје, ја известуваме јавноста дека случајот е целосно расчистен и против А.Џ. ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело „насилство“ по член 386 од КЗ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

    Николовски го осуди нападот врз претседателот на РКЕ Бислимовски

    Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, одржливиот развој и човечките ресурси Љупчо Николовски го осуди нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

    Во статус на Фејсбук, Николовски соопшти дека веќе се постапува по случајот.

    – Ова е правна држава каде институциите постапуваат еднакво за сите, пред законите сме сите еднакви, а несогласувањата може да се решаваат единствено преку процедурите и институциите на системот, напиша Николовски.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ