сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Продолжен е рокот за аплицирање за програмата за размена на искуства за транзицијата кон еколошки извори на енергија

    До 30 септември е продолжен рокот за аплицирање за програмата за размена на искуства и знаења за транзицијата од јаглен кон еколошки извори на енергија, што се однесува на земјите од Западен Балкан и Украина.

    Програмата за размена претставува можност за регионите да започнат директни дијалози еден-на-еден, да се поврзат со разновидни засегнати страни, да учат едни од други и да пренесуваат знаење. Отворена е за регионите со јаглен во Западен Балкан, Украина и ЕУ, а голем број на различни заинтересирани страни се поканети да се пријават, информираа од Иницијативата за регионите со јаглен кои се во транзиција во Западен Балкан и во Украина.

    Програмата е дел од иницијативата за региони со јаглен што ја спроведува Европската комисија заедно со шест меѓународни институции – Светска банка, Европска банка за обнова и развој, Европска инвестициска банка, Секретаријат на Енергетската заедница, полскиот Национален фонд за заштита на животната средина и управување со води и колеџот на Европа во Натолин.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ