сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Десет општини ќе поделат 39 милиони денари од МЖСПП за производство на енергија од фосилни горива

    Овие пари, како наменски дотации, ќе бидат распределени на општините Новаци, Битола, Могила, Кичево и Неготино,  како и на скопските Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Центар и Чаир

    Министерството за животна средина и просторно планирање ја почна постапката за доделување на средства во вкупен износ од 38.744.498 денари на дел од општините, откако Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за распределба на финансии остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива.

    Овие пари, како наменски дотации, ќе бидат распределени на општините Новаци, Битола, Могила, Кичево и Неготино,  како и на скопските Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Центар и Чаир.

    „Министерството веќе достави барање до посочените општини за доставување на програма и активности за управување со животната средина со предложени проекти, која треба да биде усвоена од советите на општините и врз основа на која ќе можат да ги добијат одобрените средства. Реализацијата на предложените активности, за што со општините поодделно ќе бидат склучени договори, треба да заврши до крајот на годината“, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Средствата од оваа одлука, како што се појаснува, се распределуваат согласно со критериуми утврдени во Уредбата за методологија за распределба на средствата остварени како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива

    НАЈНОВИ ВЕСТИ