понеделник, април 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Усвоена програмата за работа на Агенцијата за енергетика, приоритет енергетската ефикасност

    Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна седница донесе одлука за давање согласност на Програмата за работа на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија за 2021 година, донесена од Управниот одбор на агенцијата.

    Како што соопшти владината прес-служба, во текот на оваа година Агенцијата ќе го поддржува спроведувањето на енергетската политика на Владата преку учество во подготовка на енергетски стратегии, развојни планови и програми за поттикнување на енергетската ефикасност и за создавање услови за поголемо користење на обновливи извори на енергија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ