петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Србија купила уште пет отсто од акциите на Црногорскиот систем за пренос на енергија

    Според подгорички „Вијести“, со оваа трансакција ЕМС, која е државна компанија во сопственост на Србија, ќе има околу 15 отсто од акциите на ЦГЕС, чиј мнозински сопственик е црногорската Влада

     

    Компанијата Електромрежа на Србија (ЕМС) купи околу пет отсто од акциите на Црногорскиот систем за пренос на електрична енергија (ЦГЕС) за околу седум милиони евра, објави подгоричкиот весник „Вијести“, додека ЕМС одби да ја потврди информацијата.

    Акциите, наводно, се купени од малите акционери по просечна цена од околу 0,95 евра, со раст од околу девет отсто во споредба со претходната цена.

    Со оваа трансакција ЕМС, која е државна компанија во сопственост на Србија, ќе има  околу 15 отсто од акциите, бидејќи пред пет години купи десет проценти од акциите на ЦГЕС за 13,8 милиони евра.

    Мнозински сопственик на ЦГЕС е Владата на Црна Гора со 55 проценти од акциите, италијанската Терна има 22 отсто, сега ЕМС 15 проценти, а останати сопственици се малите акционери.

    Од ЕМС не сакале за „Вијести“ да ја коментираат денешната трансакција се додека таа не биде завршена, односно се додека не се солдираат акциите за два дена.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ