вторник, април 30, 2024
spot_img
Повеќе

    Зуди Енузи Кока ќе раководи со МЕПСО

    Поранешниот пратеник Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците е резрешен од функцијата генерален директор на МЕПСО, а на негово место ќе седне Зуди Енузи Кока.

    Разрешувањето на Рашиди се очекува да помине на Управен одбор на АД МЕПСО, а на негово место се очекува да биде именуван Зуди Кока од истата партија. Информациите велат дека оваа промена на директорското место во МЕПСО е резултат на внатрепартиска расправија.

    Зуди Енузи Кока во јули 2022 година беше разрешен од позицијата директор на ЈП Комунална хигиена од скопската градоначалничка Данела Арсовска, откако неговиот брат Цуфи Кока пукаше со пиштол во поворката што учествуваше на протестите против францускиот предлог додека се движеше кон зградата на МНР.

    Тогаш Енузи Кока, како и неговиот татко, тврдеа дека било пукнато само како заплашување на демонстрантите, а во одбрана на приватниот хотел лоциран на плоштадот Скендербег.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ