среда, мај 1, 2024
spot_img
Повеќе

    За 0,5 денари поевтинува дизелот, за половина денар поскапува бензинот од 98 октани

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи од полноќ да има нови цени на горивата во земјава. Цената на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари за литар. За 0,50 денари се зголемува цената на еуросупер БС-98, додека бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава по сегашната цена.

    Промени има и кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС и таа од полноќ се зголемува за 0,094 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Според одлуката, новата цена на еуросупер БС – 95 ќе изнесува 87 денари за литар, 89 денари ќе чини еуросупер БС – 98, а еуродизелот (Д-Е V) ќе се продава за 81 денар за литар.

    Со одлуката на РКЕ од ноќеска на полноќ екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) ќе чини  80,50, а мазутот М-1 НС ќе се продава за 46,158 денари за килограм.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ