петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Во Србија ќе почне да се гради најголем агро-фотоволтаичен парк во Европа

    „Финтел Енергија“ и „МК Груп“ треба да изградат 660 мегавати соларен капацитет на земјоделско земјиште во српската општина Кула, што е прв агро-фотоволтaичен проект во Србија и најголем во Европа.

    Вредноста на проектот „Агросолар Кула“ се проценува на 340 милиони евра и ќе овозможи истовремено производство на земјоделски култури и енергија од сончева светлина на иста површина,  Планираното започнување на проектот е во април 2022 година, а градежните работи ќе траат повеќе од една година. Во почетната фаза, 700 хектари земја, поделени во седум зони за различни органски култури, ќе се обработуваат дури 11 месеци годишно. Приближно на една третина од вкупната површина, соларните панели ќе бидат инсталирани на таков начин што одгледувањето на земјоделски култури нема да е нарушено. На овој начин, годишно ќе се произведуваат околу 832 GWh сончева енергија, што е доволно за да се задоволат потребите на околу 200 илјади домаќинства. Оваа пионерска инвестиција на Финтел Енергија и МК Групација е од голема важност за одржлив развој на земјоделството и производство на енергија од обновливи извори.

    Во меѓувреме, српската влада усвои регулатива со која се дозволува државно земјоделско земјиште да се издава под закуп за неземјоделска употреба, вклучително и инсталирање на ветерни и соларни постројки.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ