вторник, октомври 26, 2021
spot_img
Повеќе

    Во првата половина од мај ќе се потпише финалниот договор за гасоводниот интерконектор со Грција

    Во првата половина на мај делегација предводена од претседателот на Владата Зоран Заев, во која ќе биде и министерот за економија Крешник Бектеши, ќе бидат во Грција каде што ќе го потпишат финалниот договор за преземање на обврски од страна на двете држави за започнување со изградба на интерконекторот во јужниот дел на С Македонија, со што ќе се овозможи поврзување на гасоводите од двете земји.

    -Во првиот дел на мај, како Министерство за економија заедно во делегација со претседателот на Владата, Зоран Заев ќе бидеме во Грција каде што ќе го потпишеме финалниот договор за превземање на обврски и од нашата држава и од нашиот сосед Грција за започнување со изградба на интерконекторот во јужниот дел на нашата држава каде што на некаков си начин ќе подолжимево нашата намера за диверзификација на снабдување со природен гас и енергетски ресурси, што не само што ќе отвори нови работни места, но дополнително на тоа ќе придонесе и во намалување на цената во делот на енергетиката, рече Бектеши на денешната дискусија за националната подготовка на Конференцијата СОР 26 во Глазгов.

    Во делот на гасификацијата освен интерконекторот, како што нагласи министерот за економија, веќе се донесени одлуките да бидеме дел и од терминалот Александропулос, но и во делот на изградба на гасната централа.

    -Ова дополнително ќе влијае на сигурноста со снабдување со енергија во нашата држава, но и во делот на диверзификација. Нашата држава директно ќе има право и ќе има можност да користи LNG гас освен другиот природен гас што го користи преку различни интерконектори и гасоводни мрежи, рече Бектеши.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја