четврток, февруари 22, 2024
spot_img
Повеќе

    Во 15 часот истекува рокот за доставување понуди за тендерот за нов универзален снабдувач

    Во 15 часот денеска истекува рокот до кога треба да се достават понудите за тендерот за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија, информираат за МИА од Министерството за економија.

    Комисијата за евалуација потоа треба да ги отвори понудите, да види дали ги исполнуваат условите и да одлучи што понатаму.

    На универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ на 30 јуни 2024 година му истекува петгодишниот договор за снабдување со електрична енергија на потрошувачите на регулираниот пазар. Поради тоа, Владата на 11 декември 2023 година објави јавен повик за избор на нов универзален снабдувач што ќе треба во наредните пет години, почнувајќи од 1 јули 2024 година, да ги снабдува со струја потрошувачите на регулираниот пазар. Предвидено е изборот да се изврши преку електронска аукција на која услов е да се понуди профитна маржа пониска од 11,5 отсто, колку што изнесува маржата на досегашниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ