петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата одлучи: Цената на лебот 33 денари до 31 мај-се укинува субвенционираната струја за прехранбената индустрија

    Цената на лебот не смее да надмине 33 денари, за бел и полубел леб, на парчиња или цел, со тежина до 450 гр, одлучи денеска Владата.

    Како што појасни министерот за економија Крешник Бектеши, оваа мерка ќе важи до 31 мај 2023 година.

    „Со оваа одлука се определува цената на лебот во трговијата на мало, за бел и полубел, сечен на парчиња или цел. Највисоките цени на производите од ставот 1, на овој член, се утврдува цена која изнесува 33 денари по леб со тежина која изнесува 450 грама и повеќе, а со тежина под 450 грама, се утврдува во висина до 33 денари по леб, која цена ќе биде во сооднос со тежината или во надолна линија. И оваа одлука ќе важи до 31 мај 2023 година. За да стигнеме до оваа одлука сите анализи кои се направени во министерството во економија во соработка со Државниот пазарен инспекторат и со одредени пекар“, рече министерот Бектеши на денешната прес-конференција.

    Оваа одлука же биде објавена во „Службен весник“ денеска или утре.

    Бектеши пресмета дека бел леб со тежина од 450 грама, треба да биде 32 денари. Според податоците на Државниот пазарен инспекторат, во одредени градови во внатрешноста, овој леб се продава и под 32 денари. Затоа донесена е одлука да се ограничи цената на 33 денари.

    Исто така, донесена е одлука да прекине субвенционираната струја за производителите.Субвенционирана струја по цена од 80 евра за мегават час за компаниите ќе има до 1 април кога им истекуваат договорите а потоа ќе треба да се снабдуваат од слободниот пазар.

    Пекарите вчера најавија дека доколку Владата ја ограничи цената на лебот ќе го прекинат производството.

    Околу најавите на претставниците на пекарската индустрија дека во моментот кога ќе биде објавена одлуката во Службен Весник ќе престанат со производство и дистрибуција на леб, Бектеши соопшти дека има институции, инспекции, прописи и регулативи без да прецизира дали би имало санкции и какви би биле тие.

    Тој ги повика претставниците на пекарите на состанок и разговор за да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни и секако за граѓаните.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ