петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата го задолжи ЕСМ да го потпише Договорот за течен гас од Александруполис

    Владата на Република Северна Македонија на денешната 14-та седница го задолжи АД Електрани на Северна Македонија да отпочне процес за потпишување на Договорите за реализација на Меморандумот за разбирање склучен помеѓу АД ЕСМ и Гастрејд С.А врзани со проектот Терминал за течен гас во Александруполис, Република Грција.

    Со овие договори и преземени обврски, Терминалот за течен гас во Александруполис ќе обезбеди сигурно и долгорочно снабдување со течен гас за потребите на Северна Македонија, соопштија од Владата.

    Реализацијата на овој проект, кој е прогласен за проект од посебен интерес на Европската Унија за природен гас и за кој Европската комисија одобри поддршка, обезбедува ефикасна интеграција со други важни проекти за инфраструктура на природен гас на регионалниот пазар, велат од Владата .

    НАЈНОВИ ВЕСТИ