четврток, мај 2, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата донесе решение за формирање на Комисија која треба да ја спроведе постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија

    Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, донесе Решение за формирање на Комисија за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за започнување на постапка за избор на универзален снабдувач донесена на 20.10.2023 година.
    Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија по пат на јавен повик за избор на универзален снабдувач со отворена постапка, односно да го подготви јавниот повик, тендерска документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот, и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите како и да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач за избор на универзален снабдувач со електрична енергија или предлог за поништување на постапка.
    -Изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија, велат од Владата.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ