петок, мај 3, 2024
spot_img
Повеќе

    Утре ќе се соопшти новата цена на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од јануари

    EВН ХОУМ до Регулаторна комисија го достави предлогот за новата цена на струјата. Регулаторот треба да го одобри и утре во РКЕ новата цена ќе биде соопштена. Ако не се согласува со предлогот ќе го врати назад кај ЕВН. Иако, претходно се зборуваше дека тоа ќе треба да го прави ЕВН ХОУМ, и овој пат новата цена ќе ја каже повторно РКЕ.

    Според предлог одлуките на Комисијата цената на услугата на Електродистрибуција се зголемува за 13,37 отсто, на Мепсо за 13, 37 проценти и на Мемо за речиси  36 отсто, но ова енергетско тело има најмало учество во крајната цена за домаќинствата и малите потрошувачи. На последната седница, енергетските компании имале забелешки во однос на овие предлози.

    Новина е давачката за пристап до мрежа, која се воведува од јануари, а која ќе ја плаќаат и оние кои имаат броила, а не трошат струја. Со тоа, се очекува кај голем број граѓани да се намали износот за пренос и дистрибуција, кој досега кај многумина беше повисoк од потрошената струја.

    ЕСМ пак од јануари својата струја на ЕВН ХОУМ ќе му ја продава по 57 евра за мегават час или 7, 5 отсто поскапо од претходно. Ова се речиси сите главни параметри кои влијаат на крајната цена на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи.  Но, најголемо влијание има цената од ЕСМ и профитната маржа од Универзалниот снабдувач.

    И додека се крои новата цена на струјата, претседателот на РКЕ Марко Бислимоски тврди дека нема да има ценовен шок, а министерот за економија Крешник Бектеши е оптимист и верува дека струјата нема да поскапи.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ