понеделник, април 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

    Да се искористи можноста и да се поднесе документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември со оглед дека рокот истекува утре, апелираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    -До 23 ноември е продолжен рокот од страна АД ЕСМ. Околу 1000 компании тоа можат да го направат согласно со податоците од Централен регистар во делот на нивната регистрација со шифра на дејност кои се предвидени во одлуката. До пред два-три дена беше околу 300 бројот на компаниите кои веќе доставиле апликација. Ги повикувам сите компании да ја искористат можноста заради тоа што од 1 декември и во делот на трговијата ќе следат дополнителни мерки кои ќе бидат предложени од страна на Министерството за економија, рече Бектеши, на новинарско прашање по прес-конференцијата на која информираше за остварените заштеди на струја во октомври годинава од страна на државните институции.

    Согласно со одлуката на Владата, за снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1 декември ќе можат  можат да аплицираат дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта. Целта на одлуката е да се спречи растот на цените на основните прехранбени производи, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата во текот на целиот есенски и зимски период.

    За физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија ЕСМ ќе нуди повластена цена на електричната енергија од 80 евра за мегават час исклучиво за потрошувачката на броилата за директно извршување на приоритетната дејност, односно исклучиво за производствениот процес. За јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици повластената цена ќе биде 95 евра за мегават час исто како и за 365-те основни и 109-те средни јавни училишта и за јавните здравствени установи.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ