петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Турската компанија Енерџиса ќе ја инсталира најголемата соларна централа во светот на стадионот на Галатасарај

    Турската енергетска компанија „Енерџиса Енерџи“ и Спортскиот клуб Галатасарај потпишаа договор за поставување на соларни панели на покривот на стадионот на Галатасарај, “Турк Телеком Арена“ и со тоа да произведува сопствена електрична енергија.

    Галатасарај и Енерџиса се согласија да инсталираат соларна фотоволтаична централа од 4,1 мегавати. Инвестицијата која се проценува на 2,3 милиони евра предвидува поставување 10.000 соларни панели на 40.000 квадратни метри, со што би станала најголема соларна централа на кој било стадион.

    Во моментов титулата за најголема соларна централа на спортски стадион ја носи бразилскиот национален стадион, порано познат како стадион „Гаринча“, со инсталиран капацитет од 2,5 мегавати.

    Проценето годишно производство е 4,6 MWh, што е еквивалентно на годишната потрошувачка на 2.000 домаќинства.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ