недела, октомври 13, 2024
spot_img
Повеќе

    ТЕЦ Осломеј повторно е исклучен од работа

    Поради проблеми во вентилацијата, термоелектраната Осломеј превентивно е исклучена од работен режим- информираа од АД ЕСМ.

    Информација за сериозноста на дефектот и времето потребно за поправка од ЕСМ нема. Недостатокот на струја ќе се надополни со купување од слободниот пазар.

    „Термоелектраната Осломеј од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар при самозапалување на јаглен и кој дел подлежеше на санирање. Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде отстранета и термоцентралата да биде вратена на мрежа“ – соопштија од ЕСМ.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ