понеделник, април 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Струјата во прв блок поевтинува за 5,16 отсто, за вториот останува иста, а за третиот и четвртиот блок поскапува за 2,88% и 1,86%

    Цената на струјата за домаќинствата од 1 јануари се намалува за 5, 16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88 а за четврт блок за 1,86 отсто.

    Како што истакна претседателот на Регулаторната комисија за енерегетика Марко Бислимоски, тоа го овозможи воведувањето на Надоместот за пристап до мрежа од 200 денари месечно. Во спротивно ќе имало поскапување за 3,4 отсто во прв блок, за 8,62 во втор, за 9,46 во трет и за 4,92 во четврт блок, додека евтината тарифа ќе се зголемела за 15,42 отсто. Дополнително, како што рече, овозможиле намалување на мрежарината за речиси 23 отсто.  

    -Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите, рече Бислимоски, истакнувајќи дека одлуката е во насока на заштити стандардот на граѓани.

    Првиот тарифен блок ги опфаќа домаќинствата што месечно трошат до 210 киловатчасови скапа струја. Во вториот блок се оние што трошат од 210 до 630 киловатчасови. Во третиот блок се оние што трошат од 630 до 1.050 и во четвртиот блок се оние над 1.050 киловатчасови.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ