понеделник, мај 6, 2024
spot_img
Повеќе

    Сто милиони евра заем од ЕБОР за ЕСМ за побрза и полесна транзиција кон „зелената“ агенда

    Заем од сто милиони евра обезбеди ЕБОР за АД ЕСМ, за поддршка во финансирањето на трошоците за унапредување на производниот процес, инвестиции во нови обновливи извори на енергија и одржување на веќе изградените централи од обновливи извори.

    Договорот беше потпишан во Министерството за финансии од страна на директорката на ЕБОР за Југоисточна Европа, Шарлот Руе и директорот на ЕСМ, Васко Стефанов.

    Заемот е со рок на отплата пет години, со грејс период од шест месеци и со варијабилна каматна стапка на шестмесечен ЕУРИБОР со маргина од еден отсто. Компанијата ќе биде корисник на средствата и ќе ги сервисира сите обврски, а државата ќе дава гаранција.

    Како што истакна министерот за финансии Фатмир Бесими пред потпишувањето на Договорот, Владата со ова уште еднаш покажува дека има сериозен пристап во справувањето со енергетската криза.

    -Денес се обезбедуваат дополнителни 100 милиони евра, поддршка за ЕСМ. Се олеснува состојбата зашто 100 милиони евра нема потреба да се дадат од Буџетот, рече Бесими.

    Тој потсети дека од 2020 – 2022 година Владата реагираше брзо за справување со кризите и одвои околу две милијарди евра. Во 2023 година, пак, нагласи Бесими, за поддршка на граѓаните и стопанството се предвидени 225 милиони евра.

    -Овие 100 милиони евра од ЕБОР се плус планираните 225 милиони, потенцира Бесими.

    Директорката на ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа, Шарлот Руе посочи дека договорот за заем од 100 милиони евра за подобрување на ликвидноста на ЕСМ ќе и помогне на компанијата да ги подобри своите финансиски резултати и да продолжи да им нуди услуги на учесниците на пазарот на електрична енергија.

    -Тоа ќе им помогне и да се намали поддршката од Владата и воедно ќе и помогне на компанијата да ги реализира своите капитални инвестиции кои се веќе почнати, рече Руе и додаде дека заемот доаѓа во критичен момент за македонската енергетска транзиција.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ