Жителите на Скопје-Север, по 24 часовно смрзнување, ќе добијат парно греење. Ова го изјави директорот на Топланата „Скопје-Север“, Куштрим Рамадани.
Рамадани изрази очекување дека во следниот период ќе се најде заедничко прифатливо решение за да се надмине проблемот со парно греење.
– Се надевам дека ќе се најде заедничко прифатливо решение. Бевме на средба во Регулаторната комисија за енергетика каде присуствуваа и претставници од ЕСМ, изјави тој.
Инаку проблемот настана кога раководството на оваа Топлана одби да го потпише договорот со ЕСМ, со кој требаше да се обезбедат пари за набавка на гас.
Услугите на оваа топлана ги користат 500 домови, 13 училишта, градинките и здравствените домови во Чаир, Бутел и Топаана.