четврток, мај 2, 2024
spot_img
Повеќе

    „Сименс“ заинтересиран за учество во енергетски и други капитални проекти во земјава

    Делегација на германската компанија „Сименс“, предводена од директорот Удо Ајхлингер, во понеделник беше примена од страна на премиерот, Зоран Заев.

    Како што соопшти владината прес-служба, на средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, претставниците на „Сименс“, како компанија која има респектабилно меѓународно искуство и стручност, покажаа интерес за поголемо и непосредно присуство во Северна Македонија со цел да учествуваат во конкуренцијата во енергетскиот сектор во делот на обновливите извори на енергија, гасификацијата, како и во проектите за заштита на животната средина во капиталните проекти за управување со хидросистемите за снабдување и во системите за менаџирање со отпадните води.

    Премиерот Заев и заменик-претседателот Битиќи ги запознале претставниците на „Сименс“ со стратешките проекти на Владата во енергетиката со посебен акцент на развојот на капацитетите со обновливи извори на енергија, и со крупните проекти за управување со води и ги охрабриле да учествуваат на јавните повици за конкурентно учество за нивна реализација.

    На средбата гостите од „Сименс“ биле запознаени и со предностите на Законот за стратешки инвестиции кој овозможува поголеми инвестициски циклуси на државно и на локално ниво со опција за државна помош за поттик на економскиот раст, вработувањето, примената на нови технологии и иновации, и за зголемување на конкурентноста и на извозот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ