недела, октомври 13, 2024
spot_img
Повеќе

    Регулаторната комисија ја одзеде лиценцата на БЕГ

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија на компанијата Балкан енерџи груп (БЕГ), информираше денеска претесдателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

    За ваквата одлука ќе биде информирана Владата, која заедно со Министерството за економија, ќе може да организира јавен повик за избор на нов оператор за производство на топлинска енергија.

    Бислимовски тврди дека нема да има никакво прекин со топлинска енергија во градот Скопје бидејќи оваа копманија ќе ја врши дејноста се додека не се избере нова.

    Бислимовски додаде дека лично смета дека оваа дејност треба да ја врши компанија кога ќе биде во државна сопственост.

    „Имајќи ги предвид искуствата на други градови од бивша Југославија, оваа дејност ја вршат компании во државна сопственост или во сопственост на општините и градовите, како Љубљана, Белград, Нови Сад, Сараево… Ако ме прашувате мене лично, оваа дејност треба да ја врши компанија во државна сопственост, затоа што Градот Скопје не покажа интерес да се бави со оваа дејност“, рече тој.

    Одземањето на лиценцата доаѓа откако БЕГ пријави сериозни трошоци за изминатата година, па на почетокот на 2022 година, државната ЕСМ го презеде управувањето и со парното во Скопје.

    Како причина беше наведена високите цени на енергенсите, поради што компаниите не можеа да обезбедат финансирање на грејната сезона без државна помош.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ