петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Пренамена на пари за долгот кон ЕВН, но нема да има за сите

    Обезбедени се пари за плаќање на долговите за струја на државните институции. Со прераспределба на неискористените средства. Владата пренамени 118 милиони евра. Дали со нив ќе се покрие целиот долг, над 40 милиони на сите институции или само на Клиничкиот Центар – власта  без прецизен одговор.

    Со пренамената скратенени се сите непотребни трошоци, за мебел, привремени вработувања, режиски трошоци, но и за камати кон странски и домашни кредитори, претпристапна помош.

    Премиерот Ковачевски уште една потврди дека ќе се плати долгот на сите институции кои се од витално значење пред се на здравствените, но за општините нема никаква најава.

    -Што се однесува до електричната енергија која што ја должат голем број на витални институции, таа ќе биде платена со оваа прераспределба од страна на Владата, со соодветно префрлање на финансиските средства. Тоа пред се, се однесува на здравствените установи и на други установи кои извршуваат витални функции. Прераспределбата е и за разни други сегменти во делот на капиталните инвестиции, во делот на други категории, изјави Ковачевски во одговор на новинарско прашање, по доделувањето на социјалните станови на граѓани во Пробиштип.

    Во однос на вкупната сума, Ковачевски рече дека тоа најдобро може да го каже Министерството за финансии.

    Владата мораше итно да најде пари за да ги покрие милионските долгови за струја бидејќи ЕВН почна со исклучувања.

    Железници транспорт беа првата инститција која потона во мрак а клинички се спаси за  влакно.

    По оваа експресно стигна гаранција од Владата дека долгот ќе се плати со прераспределба на средства од буџетот.

    Долгот на Клиничкиот центар Мајка Тереза за струја е околу 7 милиони евра,  во кои  влегуваат и неплатени сметки од ГОБ 8 Септември.

    На Македонски железници  пак е над 6,5 милиони евра. Долгови имаат и судовите, факултетите, затворите. Некои институции, фактурите не ги плаќале повеќе од три години.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ