сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Повторно во погон сите капацитети на АД ЕСМ

    „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) соопшти дека Блок 1 во РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“ во текот на вчерашниот ден се вратени на мрежа и непречено произведуваат електрична енергија.

    Блоковите беа подложени на краткотрајни санации по воочени слабости во текот на производниот процес од страна на стручните служби и истите беа навремено отстранети, посочија од ЕСМ.

    „Со тоа, АД ЕСМ повторно работи со полн капацитет и во моментот на мрежа се трите блока во РЕК ‘Битола’, РЕК ‘Осломеј’, ТЕЦ ‘Неготино’ со два котли, гасната електрана КОГЕЛ во ‘Енергетика’, ветерниот парк ‘Богданци’, како и хидроелектраните, пред сè за давање системски и балансни услуги“, се вели во соопштението до медиумите.

    Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произведе 21.178MWh електрична енергија.

    Согласно планот за производство на АД ЕСМ и Подружница РЕК „Битола“, во текот на следната недела од функција ќе биде исклучен Блок 2 на РЕК „Битола“. Ќе се реализираат активности за нега и санација на постројката кои планирано е да траат десетина дена.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ