сабота, октомври 12, 2024
spot_img
Повеќе

    Повеќе струја била произведена од сонце и ветер отколку од природен гас во ЕУ во 2022

    За првпат во 2022 година, во ЕУ била произведена повеќе од ветерна и сончева енергија отколку од природен гас, соопшти денеска британската еколошка организација Ембер и додаде дека 2022 била година на енергетски пресврт поради војната во Украина, објави  Радио Слободна Европа.

    Во изминатата година, ветерната и сончева енергија обезбедиле скоро една четвртина (22 отсто) од електричната енергија потрошена во ЕУ, многу повеќе од струјата произведена од јаглен (16 отсто), а дури за првпат надминувајќи го производството од природен гас, кое било 20 отсто, се наведува во извештајот на Ембер, непрофитна организација за еколошки прашања со седиште во Лондон.

    „Европа ја избегна најлошата енергетска криза“, изјави претставникот на Ембер Дејв Џонс и додаде дека настаните во 2022 година предизвикале незначително зголемување на употреба на енергијата од јаглен, но огромен бран на поддршка за обновливи извори на енергија.

    Според него, веќе не треба да постои страв од враќањето на јагленот.

    Од почетокот на руската инвазија врз Украина и постепеното затворање на руските гасоводи, Европа мораше масовно да увезува течен природен гас кој се транспортира со бродови и повторно да ги вклучи електраните на јаглен.

    Струјата од ветерните и соларни централи се покажа како многу корисна во надминувањето на гасната криза и кризата со електрична енергија која ја погоди Европа поради гаснењето на многу нуклеарни реактори.

    „Рекордниот раст на соларната енергија и енергијата од ветрот помогна да се надомести дефицитот од нуклеарна и хидроенергија“, се наведува во извештајот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ