понеделник, април 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Половина од основните и средните училишта не аплицирале за поевтина струја

    Рокот за аплицирање за поевтина струја за училиштата истече, но речиси половина од основните и средните училишта, не биле заинтересирани да имаат поволна цена на електрична енергија.

    -Речиси половина од основните и средните училишта во нашата држава не аплицирале, не биле заинтересирани да имаат поволна цена на електрична енергија која ќе ја обезбеди ЕСМ за нивните потреби. Тоа е неодговорно однесување на сите тие што раководат со училиштата и според мене намерно прават дополнително трошок на општините кои се пари на граѓаните, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, додавајќи дека истото важи и за јавни комунални претпријатија кои не аплицирале за субвенционирана цена и со денешните цени да плаќаат по 400 евра или трипати поскапо од тоа што можеле да го добијат.

    Сите тие што работат недомаќински не се грижат за буџетот, рече Бектеши , и не треба да се на тие позиции. Повика ЕСМ да ги објави јавно тие училишта и јавни комунални претпријатија кои не аплицирале за субвенционирана цена за електрична енергија за цела грејна сезона и сега да плаќаат по 400 евра или трипати поскапо.

    Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски потсети дека ЕСМ е задолжено од Владата од 1 декември да ги снабдува со електрична енергија основните и средните училишта, јавните водоводни и комунални претпријатија во делот само на пумпите и дел од прехранбената индустрија.

    -Во најголем дел тоа го направи со склучување договори, останати се уште дваесетина компании кои треба да ги направат дополнителните документи, и тие ќе бидат вклучени со снабдување со електрична енергија… , рече Ковачевски.

    До крајот на неделата, рече, ќе се знае колку дневно и неделно ќе биде потребна дополнително енергија. – Таа енергија ЕСМ продажба ќе ја обезбеди дел од сопственото производство на ЕСМ, а дел од извршените набавки што ги врши во овој период. До крајот на неделата ќе имаме точна пресметка колку дополнително овие договорни органи ќе имаат потреба од електрична енергија и колку тоа финансиски ќе треба Владата да го надомести кон ЕСМ Продажба, рече Ковачевски.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ