понеделник, април 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Парното поскапува за 4.5%

    Цената на парното греење во Скопје од 1 ноември ќе поскапи за 4,51 отсто. Тоа, според пресметките на Регулаторната комисија за енергетика, значи дека просечната сметка од 1.800 денари ќе биде зголемена за 80 денари.

    „Од бараните 50 отсто зголемување на цената кои го бараа компаниите ние одобривме 4,5 отсто. Одлуката за новата цена ја донесовме откако се осигуравме дека цевките на мостот ‘Беласица’ ќе бидат искористени, за да може да се користи енергијата од Те-То“, рече претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски.

    Бислимоски кажа дека ако не се користи енергијата на Те-То, тогаш поскапувањето ќе било 60 отсто.

    Како што рече првиот човек на РКЕ, со оваа одлука требаше да се врати позајмицата на Владата од 6 милиони евра, дадена во јануари 2022 година.

    Бислимовски изрази благодарност до Владата да не се вратат одеднаш 6 милиони евра, туку само 35% .

    -Со оваа одлука се водиме, пред се, кон интересите на потрошувачите. Успеавме да одржиме ценовна стабилност во делот на топлинската енергија. Во однос на железарското греење кое го прави ЕСМ Енергетика, цената е незначително намалена, како и во Скопје-Север. Сето ова обезбедува услови за сигурно и стабилно функционирање на системот за топлинска енергија во Скопје, кажа Бислимовски.

    Според него, иднината на системот за топлинска енергија во Скопје е поврзување на мрежата и една цена за сите потрошувачи во државата.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ