сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Меѓународна агенција за енергетика (МАЕ) – Пандемијата може да го одложи обновувањето на побарувачката на енергија до 2025 година

    Бавното економско закрепнување од пандемијата се заканува да го одложи целосното враќање на светската побарувачка на енергија до 2025 година, соопшти во вторникот Меѓународната агенција за енергија во нивната публикација Светскиот енергетски преглед за 2020 (World Energy Outlook 2020)

    Според нивното сценарио, со воведувањето на вакцината и начините на лекување би можеле да значат скок на глобалната економија во 2021 година и побарувачката на енергија да се опорави до 2023 година, но според „одложеното сценарио за закрепнување“, временската рамка се одложува две години наназад.

    МАЕ гледа дека глобалната побарувачка на енергија опаѓа за 5% во 2020 година, а емисиите на СО2 поврзани со енергија за 7% и енергетските инвестиции за 18%.

    Побарувачката за нафта се очекува да падне за 8% и употребата на јаглен за 7% додека обновливите извори ќе забележат благ пораст.

    Голем дел од растот се генерира од соларна енергија, а тоа ќе продолжи и во годините што следуваат, бидејќи цените опаѓаат, со што соларната енергија станува поевтин извор на енергија од новите централи на јаглен и гас.

    Според наведеното сценарио за политика, обновливите извори на енергија се на пат да одговорат на 80% од растот на побарувачката на електрична енергија во следните 10 години. До 2025 година, обновливите извори на енергија ќе го надминат јагленот како основно средство за производство на електрична енергија. Ако се усвојат поагресивни политики, обновливите извори на енергија ќе имаат уште поголема улога во следните пет или нешто повеќе години.

    Сепак, една пречка стои на патот на енергијата произведена од обновливи извори: застарената електрична мрежа.

    „Без доволно инвестиции, мрежите ќе се покажат како слаба алка во трансформацијата на енергетскиот сектор, со импликации врз сигурноста и безбедноста на снабдувањето со електрична енергија“, рекоа од МАЕ.

    Генерално, од агенцијата изјавија дека е прерано да се каже дали пандемијата дејствувала како поттик или назадување на владите и енергетската индустрија во нивните напори да ја направат индустријата поодржлива.

    Шефот на МЕА Фатих Бирол за Ројтерс изјави дека креаторите на политиките заостануваат: „Ние сме далеку од постигнување на нашите климатски цели со постојните политики ширум светот“.

    „Ерата на раст на глобалната побарувачка на нафта ќе заврши во следните 10 години, но во отсуство на голема промена во владините политики, не гледам јасен знак за раст. Глобалниот економски раст би можел да ја врати побарувачката на нафта на нивоата пред кризата “, рече тој во едно интервју.

    Неизвесноста во врска со идната побарувачка и падот на цената на нафтата во 2020 година може да значи дека производителите на нафта не се сигурни како да проценат инвестициски одлуки што ќе доведат до несовпаѓање на понудата и побарувачката, поттикнувајќи ја идната нестабилност на пазарот, предупреди МЕА.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ