четврток, мај 2, 2024
spot_img
Повеќе

    Одобрен договорот за фотоволтаичи од милијарда евра меѓу грчката PPC и германската RWE

    Извршниот одбор на грчката Државна компанија за електрична енергија ДЕИ (PPC) го одобри Договорот со германската енергетска компанија RWE, објави компанијата во вторникот.

    Договорот се однесува на поставување на фотоволтаични станици со вкупен капацитет до 2 GW, имплементирани преку заедничка инвестициска шема, се вели во соопштението на ДЕИ.

    RWE Renewables GmbH учествува во шемата со 51%, а учеството на PPC Renewables SA (PPCR) е 49%, беше наведува во соопштението.

    Како главен партнер на заедничкото вложување, RWE ќе обезбеди поголеми износи на капитал за инвестиции и ќе ја задржи контролата.

    Со оглед на сегашната цена на грчкиот пазар за инсталирање на фотоволтаични објекти, проценката изнесува 500.000 евра за 1 MW. Според тоа, портфолиото од 2 GW планирано од PPC и RWE претставува инвестиција од една милијарда евра.

    Инаку, ППЦ Обновливи извори СА  (PPC Renewables SA) е подружница на PPC.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ