Од први јули ДДВто на струјата дефинитивно се враќа од 10 на 18 отсто.Владата нема намера дополнително да интервенира со образложение дека граѓаните помош од државата ќе добијат со тоа што ЕСМ ќе ја продава струјата на ЕВН по цена која е поевтина од онаа по која е произведена.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими вели дека и забелешките од меѓународниот фрактор се во насока да не се намалуваат даноците туку да се носат таргетирани мерки.
Бесими посочи дека Владата му дала препорака на АД ЕСМ да оди со пониска цена од цената на чинење и дека тоа де факто значи субвенционирање на цената на електричната енергија во оваа фаза. Дополнително, воведувањето на четири блок-тарифи, според Бесими, значи дека оние кои имаат помало ниво на трошење, имаат пониска цена така што ефектот од престанувањето на важењето на повластените стапки во некои групи ќе значи и намалување, односно во некои групи нема да има раст на цената.
РКЕ пред два дена објави дека граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја за 2,5 отсто поради враќањето на ДДВ-то на електричната енергија од 10 на 18 отсто. Доколку данокот на додадена вредност останеше на 10 отсто тогаш трошоците за електрична енергија на домаќинствата ќе се намалеа за 4,2 отсто.