петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Од полноќ горивата поевтинуваат за 2 денари, нафтата за домакинство за 13 денари

    Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за два денара за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пак, се намалува за 13 денари, додека малопродажната цена на мазутот останува на исто ниво.

    Како што сооптши Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), од ноќеска на полноќ цените ќе бидат: на ЕУРОСУПЕР БС – 95 61 денар на литар,  ЕУРОСУПЕР БС -98 63 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС 52,50, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50  и мазут М-1 НС 30,823 денари за килограм.

    Регулаторната комисија ја донесе одлуката за усогласување зашто престанува да важи уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува законот за акцизи.

    -Поради истекување на важноста на Уредбата што беше донесена за време на вонредната состојба, од вечерва на полноќ се враќа на сила Законот за акцизи кој се применуваше пред да се донесе Уредбата. Поради оваа состојба, РКЕ донесе измена на одлука со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се променети согласно важечките износи на акцизите, утврдени во Законот за акцизи. Овие цени ќе важат се до донесување нова одлука, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ