петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Од полноќ дизелот поскап за 4 денари

    Цената на бензинот од полноќ останува иста, додека цената на дизелот се зголемува за четири денари по литар одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ).

     

    Со оваа одлука, како што посочуваат од РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 проценти во однос на одлуката од 22-ри месецов.

     

    Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така се зголемува за 2,50 денари по литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,238 денари по килограм.

     

    Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 79 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 81 денари по литар, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 81 денари по литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ќе изнесува 78 денари по литар, а цената на мазутот М-1 НС – 53,592 денари по килограм.

    – Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,031 проценти, кај дизелот за 4,672 посто, кај екстра лесното масло за 4,823 отсто и кај мазутот за 1,989 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,142 посто, соопшти РКЕ.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ