сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Од 1 јули се враќа евтината дневна тарифа, најави Бектеши

    Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека од први јули ќе се врати евтината дневна тарифа на струјата, бидејќи веќе од мај, па до октомври, државата ќе има вишок на производство на електрична енергија.

    Бектеши кажа дека за ова преговара со Регулаторната комисија за енергетика.

    -Заедно со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од 1 јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија каде пиковите главно се преку ден, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    -Со тоа би можело да имаме вишоци на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај па до октомври, рече Бектеши во одговор на прашање по денешната изјава пред Владата.

    Евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ