петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Нуредини: Доколку е во ред понудата за Чебрен, ќе се потпише во ноември

    Имаме уште 50 денови да направиме евалуација на понудата и потоа, кон почетокот на ноември ќе утврдиме дали е се во ред и ќе преминеме кон потпишување на договорот за Чебрен, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, осврнувајќи се на проектот за изградба на хидроцентралата Чебрен.

    – Чебрен е еден од наважните инфраструктурни проекти што го имаме во државата. Сакаме да инвестираме во обновливи извори во државата, не без Чебрен, која ќе биде батеријата на државата, тоа ќе биде тешко, истакна Нуредини. 

    Грчката државна компанија за производство на енергија ППС (или ДЕИ) е компанијата која до Министерството за животна средина и просторно планирање испрати комплетна понуда за доделување концесија за користење на водата на Црна Река. На јавниот повик освен од оваа компанија, пристигна понуда и од компанијата „ЕДФ“ од Франција која е необврзувачка и не ја доставила бараната гаранција за учество во постапката.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ