вторник, март 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Мицкоски: Веќе од 1 јули очекувам повисоки сметки за струја

    Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христојан Мицкоски, очекува поскапување на струјата веќе од почетокот на јули.

    Коментирајќи околу најавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи дека е извесно да има поскапување на струјата ова лето, Мицкоски рече дека тоа е очекувано бидејќи „во ЕЛЕМ не се произведува струја, туку се краде, а недостатокот што требало да го произведат тие што крадат ќе треба да се увезе, а на крај сметката ја плаќаат граѓаните“.

    Тој вели дека РКЕ секоја година објавува извештај за работењето на енергетскиот пазар, така што пред две години  Електрани на Македонија произвеле 4,1 терават часови струја.

    „Сега оваа 2021 година едвај 3,1, а тоа е 1 терават часови струја помалку, а тоа е еден милион мегават часови. Ако имаме претстава дека просечните цени на берзите се некаде околу 220 – 225 евра, ако  таа струја ви недостига, мора да ја увезете. Значи во еден момент вие мора да увезете 220 – 225 милиони евра вредна струја и тоа мора некој да го плати. И како тоа ќе го плати народот? Преку поскапа сметка или преку трошење на државните резерви. Излезе пред некој ден во медиумите една вест дека во првиот квартал од оваа 2022 година државните резерви се намалени за отприлика 12 проценти во нето износ или некаде околу 400 милиони евра. И тоа се пари потрошени токму поради тоа што биле увезени енергенси. И на крајот на денот, народот повторно ќе ја плати сметката. Тоа го очекувам на крајот на овој регулиран период што истекува некаде кон крајот на јуни. Очекувам веќе од први јули да имаме повисоки сметки за електрична енергија“, истакна Мицкоски.

    Претходно, вицепремиерот Битиќи изјави дека е се поизвесно дека ќе има нова цена на струјата, но за колку ќе поскапиќе зависи од производството на државните електрани и побарувачката на ЕВН.

    За енергетските компании ќе има нова владина помош, но колкава сума ќе се одвои за помош на компаниите и ублажување на ценовниот шок за граѓаните ќе се знае со ребалансот на буџетот. Тоа што засега е извесно е дека до крајот на годината остануваат мерките за пет отсто ДДВ за струјата и помош за ранливите категории на граѓани.

    „Се прават финалните калкулации, дали побарувачката т.е. потребата на ЕВН ќе ја обезбеди ЕСМ, второ дали капацитетите домашни за производство се доволни за да ја испорачаат оваа елекетрична енергија и дали ќе има потреба од увоз“, изјави вицепремиерот за економски прашања.

    Според најавите, од идниот месец треба да почне со примена и новиот тарифен модел, со воведување блок тарифи, Проценките се дека со новиот модел ќе бидат заштитени најранливите категории граѓани.

    На почетокот на оваа година, струјата поскапи за Последното поскапување на електричната енергија беше на крајот на декември 2021вата, за 9.48 проценти.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ