Лидерот на ВМРО-ДПМЕ Христијан Мицкоски денеска предложи пакет мерки за стопанството, компаниите и граѓаните за коишто се надева дека ќе бидат разгледани од Владата и прифатени.
Првиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е вишоците струја кои ги произведува АД ЕСМ кои се јавуваат во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството и тоа од 1 ноември до крајот на кризната состојба. Цената, според Мицкоски, нема да надмин 80 евра за мегават часови и се работи за 200 до 250 илјади мегават часови. Според него, за ова да се оствари треба да се интервенира во два закони бидејќи недела е неработен ден, за да може работодавачите да одберат кој ден од неделата би го користеле за слободен ден.
– Според нашите калкулации таа цена нема да надмине вредност од 80 евра за мегават на час. А, периодот на апликација на оваа мерка да биде од први ноември 2022 година и се до крајот на кризната состојба, 30-ти април 2023 година. А, потоа ќе се продолжува во зависност од новата реагулација на состојбата која што се случува и во Македонија, но и во Европа.Значи вишоците произведени од поранешна АД ЕЛЕМ, денешно АД ЕСМ кои што на струја, кои што не би требало да надминуваат цена поголема од 80 евра за мегават на час да бидат ставени на користење на стопанството во следните шест месеци почнувајќи од први ноември 2022 година, според нашите пресметки станува збор за од прилика 200 до 250 илјади мегават часови. Доколку не биде исполнето она најоптимистичкото сценарио на Владата односно само средното сценарио да биде исполнето. Станува збор за 200 до 250 илјади мегават часови, рече Мицкоски.
Втората мерка е секоја компанија која ќе плати цена на струја за мегават час над цената на регулираниот пазар, половина од разликата да ја превземе државата со субвенција.
-Пример, ако цената е 400 евра на мегават час, а просечната цена која што според тарифникот на РКЕ изнесува 200 евра, половина од таа разлика, тие 200 евра до 400, да ги плати владата, односно 100 евра да ги плати владата од буџетот како помош за стопанството, рече Мицкоски.
Според калкулации на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за педесетина милиони помош кон стопанството за да не ни случи колапс.
Мицкоски предложи како мерка викенд без ДДВ за основните прехрабени производи, интервенција во Законот за личен доход за што ќе поднесат измени во Собранието, да се одложи скалестото оданочување од 1 јануари 2023. Последната мерка се однесува на „дестерелизирање на благајничките записи во Народната банка“.