четврток, јуни 13, 2024
spot_img
Повеќе

    „Макпетрол“: Цената на природниот гас за март ќе биде за 11 проценти пониска

    Цената на природниот гас за март ќе се намали за 11 проценти за мегават час, во однос на цената за февруари оваа година, а малопродажната цена на метанот ќе се намали за 7,5 денари за килограм, информира „Макпетрол“ АД Скопје.

    Намалувањето на цената, како што велат, е согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи.

    – Малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“ се намалува за 7,5 денари за килограм (5,31 денари за литар) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 82,5 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 75 денари за килограм или 53,1 денари за литар, соопшти „Макпетрол“

    НАЈНОВИ ВЕСТИ