вторник, ноември 12, 2024
spot_img
Повеќе

    Ковачевски за годинава најавува раст на домашното производство на струја за 20%

    Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во новогодишното обраќање најави зголемување на производството на електрична енергија за 20 проценти, споредбено со ланската година.

    „ Во 2022 година имаме зголемено производство за 27 проценти во споредба со претходната година.Планот за 2023 година е да се зголеми производството на електрична енергија за околу 20 проценти. Успеваме да ги ставиме во функција сите домашни производствени капацитети на електрична енергија, а со тоа се намалува зазвисноста од набавка на скапа струја. Домашното производство е најевтино и затоа го зголемуваме. Дополнително во време на криза значително ги намалуваме трошоците на производство како и непродуктивните трошоци“, рече Ковачевски.

    Според него, изминатиот период компанијата покажала дека со добро менаџирање може да обезбедат доволно количини на јаглен, мазут и природен гас.

    „Имаме стабилни договори за набавка на енергенси, како и за останатите потреби за процесот на производство. Во време на енергетска криза, одговоривме на сите задолженија од страна на Владата. За граѓаните и малите бизниси обезбедивме 100 проценти електрична енергија, а со поевтина енергија ги снабдуваме и болници, училишта, водостопански претпријатија, прехранбени капацитети, како и поголем дел од виталните институции во државата„, истакнува директорот на АД ЕСМ.Ковачевски.

    Осврнувајќи се на топлинската енергија за Градот Скопје, Ковачевски оценува дека АД ЕСМ успешно се справува со обезбедувањето на потребните ресурси и испораката на топлинска енергија.

    На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ кои велат дека дуото Васко и Димитар Ковачевски се причината за енергетската катастрофа и се најодговорни за тонењето на енергетскиот сектор.

    „Васко Ковачевски требаше уште одамна да си поднесе оставка, наместо без срам да дава изјави. Заради неговата неспособност компанијата добива милионски износи народни пари за да се покрие лошото менаџирање. Само во декември му беа исплатени 25 милиони евра буџетски средства, а вкупно во 2022 добиле 175 милиони евра. Тоа од кое што другите би се срамеле, Ковачевски го прикажува како наводен успех.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ