петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Ковачевски: Нова цена на струјата за домаќинствата најдоцна до 22 декември

    Најдоцна до 22 декември Регулаторната комисија за енергетика ќе ја соопшти новата цена на електричната енергија за 2023 година, најави директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

    „ЕСМ испрати цени на електрична енергија за тендерите за ‘ЕВН хоме’, за ‘Електродистрибуција’ и за МЕПСО. Напорите се да нема зголемување на цената, освен во делот на ДДВ-то, кое од 5 ќе се врати на 10 отсто. РКЕ ја забрза постапката и помеѓу 20 и 22 декември ќе ги направи пресметките и ќе ја објави новата цена на струја за регулираниот пазар. Владата и ЕСМ сметаат дека треба да има интервенција за одредени категории и блокови“, истакна Ковачевски.

    Тој не ја откри висината на понудата на ЕСМ за трите тендери, но потврди дека во моментот производствена цена на мегават-час струја од домашните капацитети е 73 евра, што е повеќе од цената од 48 евра по која досега ЕСМ ѝ продаваше струја на ЕВН.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ