недела, октомври 13, 2024
spot_img
Повеќе

    Грчката компанија „Митилинеос“ ќе гради централа за струја во Скопје вредна 211 милиони евра

    Владата одлучи да додели статус на стратешка инвестиција на компанијата „Митилионеос“ ДООЕЛ Скопје, фирма-ќерка на грчкиот индустриски конгломерат Митилинеос, чија вредност се проценува 211 милиони евра. Станува збор за реализација на проектот „Митилионеос – Когенеративна постројка Скопје“ кој предвидува изградба на постројка за електрична и топлинска енергија.

    „Вредноста на инвестицијата се предвидува да биде 211 милиони евра и според предвиденото, се состои од постројка за електрична енергија (со моќност 90-105 мегават) и топлинска енергија (со моќност од 135-150 мегавати). Годишното производство на електрична енергија се очекува да изнесува околу 1 150 гигавати и околу 275 гигавати топлинска енергија, коишто, се очекува да бидат испорачани во соодветните енергетски системи – МЕПСО и системот за пренос на топлина на Град Скопје“, соопштија од Владата.

    Одлуката на Владата е донесена по објавен Јавен повик од страна на Владата на Северна Македонија, на 31.01.2022 година, за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект и по соодветно разгледување на поднесеното барање, од страна на Комисијата за стратешки инвестициони проекти.

    Од Владата додаваат дека донесената одлука е во насока на нејзините определби за создавање услови за зголемување на домашното производство на електрична и топлинска енергија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ