недела, октомври 13, 2024
spot_img
Повеќе

    Горивата поевтинуваат за денар

    За еден денар поевтинуваат бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95 и  ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Новата цена на литар  ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува  84,50 денари, а 87 денари  на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 97денари, а екстра лесното за 93,5 денари.

    Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,990 денари за килограм и ќе изнесува 51,473 денари за килограм.

    Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25 проценти во однос на одлуката од 5 септември годинава.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ