сабота, февруари 4, 2023
spot_img
Повеќе

    Горивата поевтинуваат од еден до 1,5 денари

    Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75 отсто.

    Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 78,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 78, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 75,5 денари за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 0,686 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 39,370 денари.

    Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,878 отсто, кај дизелот за 2,729, кај екстра лесното масло за 2,516 и кај мазутот има намалување во просек за околу 2,069 отсто. Курсот на доларот во однос на денарот е понизок за околу 0,151 отсто.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја