петок, мај 3, 2024
spot_img
Повеќе

    Евтината тарифа за струјата во ноември

    Дневната евтина тарифа ќе се воведе кон крајот на 11ти месец оваа година. Се прават сите напори за да се испочитува овој рок.. Ова го вели првиот човек на РКЕ Марко Бислимоски.  Исто така тој вели дека погрешно се добило впечаток дека оваа тарифа ќе се врати на 1 јули годинава, додавајќи дека компанијата ЕВН Хоум поради технички причини барала рок за враќање на оваа тарифа од девет месеци до една година.

    „Ние гледаме некаде да го фатиме периодот кога почнуваат зголемени трошоци на граѓаните, тоа е некаде реално во С. Македонија, грејна сезона кај домаќинствата кои што се греат на струја, зголемена потрошувачка со овие податоци што ги имаме е кон крајот на ноември“, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски за „Каде се парите“.

    Тој додаде дека не е точно тврдењето дека за укинувањето на дневната тарифа требало неколку дена, туку дека тоа бил повеќе месечен процес. Затоа вели и дека сега не може да се воведе веднаш дневната евтина тарифа и е потребен период од неколку месеци. Дополнително зошто не може брзо воведување на оваа тарифа е потребата од промена на билинг системот на ЕВН Хоум каде се изготвуваат сметките за граѓаните, при што ова го изведува надворешна компанија и затоа е потребно подолго време. Дополнително, Бислимоски вели и дека откако кај сите домаќинства ќе се наштелуваат броилата за евтина дневна тарифа, таа ќе се воведе, бидејќи не е фер едни граѓани да имаат ваква поволност, а други не.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ