сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕВН дистрибуција побарала 100 отсто повисока цена на струјата

    Директорот на РКЕ, Марко Бислимовски, изјави за Телма дека во текот на утрешниот ден очекувааат барање и од ЕВН Хоум, откако заврши тендерот за набавка на електрична енергија на кој се јави ЕСМ, а до крајот на оваа недела и од МЕПСО за пренос на струја

     

    Екстремно зголемување на цената на електричната енергија не е решение, туку напротив ќе направи дополнителни проблеми, оцени Бислимовски.

    Сто отсто повисока цена на струјата следната година предвидува првото барање што го ЕВН дистрибуција, објави вечерва директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

    Како што рече, согласно нивното барање, пред се поради зголемени трошоци за набавка на загуби за електрична енергија, се предвидува во 2022 година цената да биде 220 евра за мегават-час, во споредба со цената од изминатата година од 56 евра. Значи, вели Бислимоски, бараат зголемување на цената за дистрибуција на електрична енергија од 100 проценти.

    Во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма, Бислимовски рече дека вкупните трошоци за набавка на електрична енергија не се финансиски загуби, туку станува збор за техничка работа. За да пристигне електричната енергија од точка А до точка Б има загуби на електрична енергија. Според него, за следната година предвидуваат  зголемени трошоци од 134 милиони евра.

    „Имаат презентирано дополнителни трошоци поради дебаланси во системот, што е вообичаена работа од шест милиони евра, односно вкупно зголемените трошоци на Електродистрибуција, само за набавка на електрична енергија за покривање на загуби и за дебаланси се 140 милиони евра. Сите останати трошоци не бараат никаква промена, впрочем не ни имаат право. Само врз основа на елементи кои ниту можеле да ги предвидат,  а кои не зависат од нивното работење имаат зголемени трошоци од 140 милиони евра“, рече Бислимовски.

    Директорот на РКЕ посочи дека во текот на утрешниот ден очекувааат барање и од ЕВН Хоум, откако заврши тендерот за набавка на електрична енергија, на кој се јави ЕСМ, а до крајот на оваа недела се очекува и барање од МЕПСО за пренос на електрична енергија.

    Тој нагласи дека е јасно оти до 31 декември ќе нема рестрикции и промена на цената на електричната енергија, бидејќи, како што рече, определувањето на цената на електричната енергија „не е лицитација, не е желботека“, туку се врши врз основа на правилници и методологии.

    За ЕСМ, Бислимовски речедека прво што треба да направи е да го зголеми своето производство на електрична енергија.

    „Потребите на малите потрошувачи, домакинствата ќе бидат околу три и пол гигават часови во 2022 и јас верувам дека ЕСМ може со своите сопствени ресурси да го обезбеди ова производство. Дополнително, се најавува дека ТЕЦ „Неготино“ ќе почне со работа и има дополнителни количини на електрична енергија што ЕСМ ќе може да ги продава и на слободниот пазар на електрична енергија по цена далеку повисока од оваа од 41 евро“, рече Бислимовски.

    Тој појасни дека  производната цела на ТЕЦ „Неготино“ е околу 160 евра за мегават-час, но е далеку пониска од она што е во моментов на светските берзи.

    „Значи, ЕСМ ќе може и да заработи, но и да помогне на целокупната македонска економија. Менаџментот на компанијата во 2022 година треба да знае дека ќе има предизвици, но во овие предизвици има и шанса компанијата да сеодржи на здрави нозе, се разбира доколку произведе колку што се очекува и колку што реално би можела да произведе и доколку овие вишоци од ТЕЦ ‘Неготино’ ги продава на слободниот пазар на електрична енергија по пониски цени“, потенцираше Бислимовски.

    Тој информираше дека ТЕЦ Неготино е признаен за трошок и оти на годишно ниво  чини околу три милиони евра.

    „Ние прво треба да го одржиме ликвиден целиот енергетски сектор. Ние можеме да донесеме одлука и цената на електричната енергија, како што кажуваат некои т.н. експерти, да ја зголемиме за 50 проценти. Факт е дека процентот на наплата ќе се намали. Екстремно зголемување на цената на електричната енергија не е решение, туку напротив ќе направи дополнителни проблеми, оцени Бислимовски.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ