Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар, а дизелот и екстра лесното за денар, од ноќеска на полноќ, со одлуката што ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,964 денари и килограм ќе чини 48,268 денари.
Со Одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99% во однос на одлуката од 15 месецов.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,225 проценти, кај дизелот за 1,906 проценти , кај екстра лесното масло за 1,619 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 1,445 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој се формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,042 проценти.