недела, октомври 13, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕУ ја договори горната цена на гасот на 180 евра за мегават час

    Министрите за енергетика на Европската унија се договорија за ограничување на цената на природниот гас по неколкунеделни разговори за вонредната мерка додека ЕУ се обидува да ја скроти енергетската криза.

    Ограничувањето е најновиот обид на ЕУ да ги намали цените на гасот, што ги зголеми сметките за енергија на граѓаните и доведе до рекордно висока инфлација оваа година, откако Русија го прекина најголемиот дел од испораките на гас во Европа.

    Министрите се согласија да активираат ограничување ако цените надминат 180 евра за мегават час за три дена на предмесечниот договор на холандскиот центар за гас за транспорт (TTF), кој служи како европски репер.

    Унгарија беше единствена против утврдувањето горна граница, Австрија и Холандија беа воздржани, а Германија го поддржа договорот. Сите тие земји претходно се противеа на какви било интервенции на пазарот на гас и ценовни ограничувања.

    За одлукате не е потребен консензус туку е доволно квалификувано мнозинство, што значи дека мора да биде поддржана од 55 отсто од земјите-членки, односно 15 од нив, а кои сочинуваат најмалку 65 отсто од вкупното население на Унијата. Механизмот ќе може да стапи на сила од 15 февруари следната година.

    Како што јавува новинската агенција Ројтерс која имала увид во договорот, ограничувањето може да се активира почнувајќи од 15 февруари 2023 година. Во наредниот период се очекува договорот да биде формално одобрен од земјите во писмена форма, по што ќе може да стапи во сила.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ