петок, мај 3, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ во 2021 година со загуба од 28 милиони евра

    Државната компанија за производство на електична енергија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) минатата година ја завршила со загуба од дури 28 милиони евра, покажува објавениот извештај на независниот ревизор РСМ.

    Ова следувало откако една година претходно, во 2020 година, загубата на ЕСМ била исто така висока, и била на ниво од близу 17 милиони евра.

    „Друштвото оствари загуба во износ од 1.728.207.000 денари ( 28 милиони евра н.з) за 2021 и 1.033.101.000 денари (16,8 милиони евра) во 2020 година, кои се во најголем ддел резултат на енергетската криза во светски рамки. Во2021 година оперативното работење на друштвото се одржува и со субвенции од основачот Р.С.Македонија. Овие услови укажуваат на постоење на материјална неизвесност којашто може да наметне значајно сомневање за способноста на Друштвото да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет“, напиша ревизорот.

    Ако во 2021 година, кога енергетската криза не беше толку разгорена, загубата била 28 милиони евра, се поставува прашањето со каков финансиски резултат АД ЕСМ ќе ја финализира тукушто завршената 2022 година, кога енергетската криза удри најсилно што можеше, а ЕСМ потроши многу пари за набавка на струја, како и на субвенционирана продажба, со цел да се намали колку толку ударот на клучните компании во земјава, пишyва „фактор“.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ