понеделник, април 29, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ понуди за 16 отсто повисока цена на тендерот на ЕВН хоум

    АД ЕСМ ѝ понуди на ЕВН Хоум купопродажна цена на електрична енергија од 56 евра за мегаватчас, за покривање на 100 отсто од вкупно планираните количини. Оваа цена е за околу 16 отсто повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јули-декември 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 48 евра за мегаватчас.

    Сепак, дали ќе има поскапување на струјата за крајните купувачи, ќе се знае по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, која се очекува во наредните десетина дена, по добивањето и на други параметри. Премиерот Димитар Ковачевски денеска повтори дека не очекува ценовен шок, како и дека доколку има поскапување тоа најверојатно ќе се однесува на дел од тарифните блокови, односно за оние кои трошат најмногу. За малите потрошувачи, кои се дел од регулираниот пазар, можено е и намалување, рече Ковачевски.

    Во исто време, ЕСМ поднесе понуда од 110 евра за мегаватчас за струјата за покривање на техничките загуби во системот на Електродистрибуција, наместо досегашните 143 евра за мегаватчас, што е поевтинување за 23 проценти.

    Овие загуби граѓаните ги плаќаат преку таканаречената мрежарина. Имаше големи критики во изминатите месеци дека граѓаните повеќе плаќаат мрежарина отколку струја.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ